(ВИДЕО) Жерновски: За лагите на Вечер и Сител ќе разговараме на суд

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар на Сојузот за иднина, Андреј Жерновски најави дека ќе поднесе тужби за клевета против телевизија Сител и весникот Вечер поради како што кажа лагите за неговата имотна состојба.

„Сакам јасно да кажам за написите кои ги пишува во весникот Вечер и тоа што беше кажано на Сител ќе покренам тужба. Немам намера на такво ниво да разговарам ниту со уредникот на Сител ниту со новинарката. Нема никакви вистини ниту со становите ниту за некаква соработка со градежна фирма.

– Овие два стана што ги наведоа Сител и Вечер, е всушност еден ист стан, наследство од мојот дедо. Но, двата стана имаат различна адреса бидејќи улицата Петар Драпшин се преименува во Маршал Тито, па помислиле веројатно дека се работи за два стана“, рече Жерновски.

Ги упати и новинарите и противкандидатите доколку сакаат да најдам афера за него да бараат и да чепкаат и во имотот и во минатото, но рече, нема да можат ништо да најдат.

„Јас не сум ниту Аларова, а уште помалку Тодоровиќ“, рече Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука