Изложба на скулптури во МКЦ на македонскиот скулптор Aлександар Eфтимовски

Од:

Изложба на скулптури „Фрагментум“ на академскиот скулптор Александар Ефтимовски ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на 16-ти ноември со почеток од 19:30 часот.

Името на оваа изложба доаѓа од латинското име „Фрагментум“ што буквално претставува конкретен дел, одделен од една целина. Истиот тој „фрагмент“ е секое едно дело создадено од потребата на авторот од физичка активност и темпераментно дејствување врз материјалот. Секој еден дел или фрагмент е изработен во различно време и околина и е активниран од различни сетилни дразнења, што во тој даден период го обележува и претставува моменталното авторско творештво. Соединувањето на овие скулптурални дела во една целина ја потенцира уметничката имплозија и го објаснува текот на артистичкото создавањето на скулпторот.

Искуствата, кои скулпторот ги стекнува со неговите патувања, метафорички ги материјализира или врежува во материјалот и на тој начин ја обележува сегашноста на неговото уметничко творење. Сите стекнати искуства, не се поврзани само со процесот на изработка на една скулптура, туку и со сетилните дразби кои остануваат вмрежани некаде во неговиот ум, за подоцна да бидат исфилтрирани во едно или повеќе дела.

Иако на оваа изложба ќе бидат изложони 10-тина дела, сепак тие се конструирани од повеќе делови или фрагменти. Тие ги симболизираат енергијата, времето на творење и животот на авторот, безмалку кажано тоа се деловите преку кои авторот го опишува творечкиот момент. Авторот ужива во спонтаноста на формата која доаѓа со самата изработка на скулптурата, преку еден своевиден Формалистички приод кој може да се забележи во еден дел од неговите творби. Тој од самото запознавање со тродименизоналната форма на израз од секогаш го возбудувала апстратната скулптура како ликовна творба, и во неа комплетно ги пронаѓал неговите идеи. Почнувајќи од геометриските форми како наједноставен израз, преку аморфните па се до органските форми, авторот наоѓа начин како во ваквите форми да ги интерпретира неговите идеи. Тој во неговото досегашно творештво ги користи традиционалните материјали како дрво, камен и бронза, но особено задоволство му причинува користењето на каменот во сите негови бои, структури и цврстини.

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури и цврстини. За создавање на неговите скулптури, авторот најмногу ја користи апстракната форма, која преку геометриските и овалните аморфни форми го карактеризира неговото дело.

Александар своето ликовно знаење го стекна на Академиите за уметност во Фиренца и Карара (Италија), каде магистрираше во 2013 година. Во неговото едно децениско творештво, Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајќи на голем број ликовни фестивали. На многуте биеналиња и симпозиуми за скулптура во Европа, Америка и Азија, Александар изработи скулптури во голем формат и учествуваше во голем број ликовни изложби. Тој е добитник на повеќе награди и признанија, но најдраго и особено значајно му е првото место добиено на симпозиумот за скулптура во ОГрове, Шпанија.

Дел од неговите творби се во постојаните колекции на Националниот ликовен музеј на Кина во Пекинг, колекцијата на Шиан како и приватни колекции низ Европа.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи