ВИДЕО: Наставничка со тупаници собори ученичка на под, па ја газеше по главата

Од:

Американската јавност е шокирана од снимките на кои се гледа како наставничка на замена физички нападна ученичка. Триесет и двегодишната Тифани Шадел Ленкфорд е обвинета за нанесување на тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил минатата недела во средното училиште „Лиман“ во Кајл, Тексас, на околу 30 милји јужно од Остин. Видеото прикажува хаотична атмосфера во училницата, средношколци врескаат и ја игнорираат наставничката.

Ситуацијата ескалираше кога Ланкфорд почна да пцуе по децата, вели Пол Патрис, адвокат на семејството на 15-годишната жртва. Неговата клиентка наводно тогаш и рекла на наставничката дека не може така да разговара со нив.

Тогаш бесната наставничка почнала бесно да ја удира со тупаници, а на крајот откако ја соборила на подот почнала да ја гази по главата.

Тинејџерката се здобила со „неколку повреди“, па таткото ја одвел во болницата по инцидентот.

Обвинетата била ангажирана како заменик наставник во училишниот округ Хејс од крајот на август 2018 година.

Поранешната наставничка плати кауција од 10 000 американски долари и е на слобода. Доколку биде осудена за нанесување на тешки телесни повреди, таа се соочува со затвор од две до 20 години.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина