Фудбалскиот клуб Квинсборо од Њујорк, доби нови сопственици, а еден од газдите е Давид Вилја, шпанскиот напаѓач кој настапува во јапонскиот тим Висел од Кобе.
Квинсборо е клуб кој од 2021 година ќе почне да се натпреварува во УСЛ лигата, која е втора по квалитет во САД после МЛС лигата. Вилја додека играше четири сезони за Њујорк, живееше во населбата Квинс, и со овој потег сака да се оддолжи.
Вилја кој има 37 години и уште е активен фудбалер, е дел од инвестициска група предводена од бизнисменот Џонатан Крејн. Шпанецот ќе ги води фудбалските работи во клубот и со своето искуство верува дека може да помогне за развој на фудбалот во САД.