Лавров бара поголема застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност на ОН

Од:

Зголемената застапеност на земјите од западот во Советот за безбедност на Обединети нации нема да донесе никаква дополнителна вредност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Клучниот недостаток на Советот за безбедност е недоволната застапеност на земјите во развој. Единствено со поголема застапеност на земјите од Азија, од Јужна Америка и од Африка би можел да се реши тој проблемот, изјави Лавров.

Тој додаде дека во било која конфигурација на Советот за безбедност, западните земји се застапени со барем една третина, дури некогаш и повеќе.

Лавров истакна дека во текот на самитот Г-20, што се однесува на економските проблеми, земјите во развој се фокусираат на политичките проблеми што и на некој начин го надополнува недостатокот од реформи во СБ, но тоа не значи дека тие реформи не би требало да се спроведат.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот