Виница: Со воздушна пушка си ги барал неисплатените плати

Од:

На 14.03.2013 година, околу 16,20 часот во Полициската станица во Виница Г.А.(38) од Кочани телефонски пријавила  дека истиот ден на локалниот пат Виница-село Јакимово, во просториите на објектот- млинот „Дарио пром-Спартак“, дошол В.А.(41) од Виница, кој бил под дејство на алкохол и со закана со воздушна пушка почнал да го бара сопственикот Д.Р.(59) од с.Јакимово со цел да му ги исплати неисплатените плати.

Откако Г.А. се обидела да му ја одземе пушката, истиот физички ја нападнал и си заминал. По кратко време дошол Д.Р. и заедно со Г.А. се упатиле за Виница, а на патот биле пресретнати од В.А. кој со кундакот од пушка го удрил Д.Р. во пределот на главата и се дал во бегство.

На Д.Р. и Г.А. им е укажана лекарска помош во Здравствен Дом Виница, а В.А. е приведен во ПС Виница за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип