На жените им треба повеќе сон

Од:

Жените наутро се помрзоволни од мажите бидејќи им треба повеќе сон, покажало ново истражување спроведено во САД.

Научниците го проучувале квалитетот на спиењето кај 210 лица и откриле дека по подеднакво време поминато во сон, жените наутро покажуваат непријателско и гневно однесување, за разлика од мажите.

Научниците од универзитетот Дјук во Северна Каролина велат дека разликите во хормоните се причина за подолг сон кај жените.

Според експертите, жените трпат ментално и физички доколку не се наспијат со оглед на тоа дека им е потребно повеќе сон за да одржат хормонална рамнотежа.

Според водачот на истражувањето Едвард Суарез, истражувањето сугерира дека лошиот сон, кој се мери со вкупниот број часови спиење, со време поминати во будна состојба во текот на ноќта и како најважно, времето потребно лицето да потоне во сон, има сериозни последици за здравјето на жената отколку на мажот.

Утврдивме дека кај жените лошиот сон е поврзан со високи нивоа на психолошки стрес, и со силно чувство на непријателство, депресија и лутина.

Истражувањето покажало и дека веројатноста жените да развијат срцеви болести, депресија и психолошки проблеми поради лошиот сон е поголема отколку кај мажите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска