• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот со тупаници

by Васко Маглешов12/11/2019 - 10:3512/11/2019 - 10:361540
Share0

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го натепал попот Виктор Стојчев на Божиќ, 2017 година.

Добивај вести на вибер

„Го признавам целосно делото“, рече Јовановски пред судот.

Првин рече дека делумно го признава делото, но откако судијката му укажа дека не може на ова прашање да одговори на таков начин, рече дека целосно го признава делото.

Попот Виктор Стојчев рече дека ќе бара штета од таткото на Боки 13 во граѓанска постапка и дека се приклучува кон кривичниот прогон.

Обвинителката Имран Османи го образложи обвинението и рече дека настанот се случил во јануари 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација во кој биле и неговите деца, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило пред дворот.

Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници. Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира, појасни обвинителката.

На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога. Обвинителката побара да биде соодветно казнет. Адвокатката на Миле Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека обвинетиот бил вознемирен, а повредите на оштетениот не се животозагрозувачки и се без последици по неговото здравје.

Адвокатката рече дека обвинетиот е невработен и семеен човек со влошена здравствена состојба и по настанот бил видно потресен од настанот и не бил осудуван претходно и побара поблага санкција. За Јовановски се води постапка за Меѓународниот сојуз.

Јовановски на крајот рече дека сакал да каже дека бил провоциран од попот.

„Господинот многу сака да пишува на „Фејсбук“. Откако е уапсен Боки 13, рече дека во мојот дом дошла пола влада, обвинители и судии“, рече таткото на Боки 13.

Пресудата е закажана за в понеделник.

boki 13mile jovanovski

Би можело да ве интересира

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски13/10/2025 - 12:29

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски04/03/2025 - 10:4904/03/2025 - 10:50

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он03/03/2025 - 15:56

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски07/05/2024 - 12:5407/05/2024 - 13:10

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Катерина Ѓуровски03/04/2024 - 13:56

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски15/12/2023 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен