Германија не врши притисок врз Белград и Приштина да постигнат договор, бидејќи Германија е само една членка на Европската унија, одлучува консензусот, а всушност се зависи од резултатите од дијалогот помеѓу двете страни, изјави германскиот амбасадор во Србија, Вилхелм Хајнц.
-Конечната одлука за доделување на датум на Србија за почеток на преговорите со ЕУ, кога е во прашање Германија ќе ја донесе Бундестагот – изјави тој и додаде дека она што го видел во Србија многу му се допаѓа.
Германскиот амбасадор објаси дека преговорите помеѓу Белград и Приштина се важни за двете страни и дека Кетрин Ештон е медијатор кој помага во пронаоѓање адекватно решение.
-Германија не врши притисок на никого, нагласи Хајнц, додавајќи дека Германија навистина е силна земја и има сепецифична тежина, но дека за сите е потребен консензус.
Елена Георгиевска