Мексико го одобри барањето на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за азил, изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.
– Веднаш ќе го информираме Министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата, истакна Ебрард.
Ево Моралес, првиот домородец претседател на Боливија, пред два дена поднесе оставка, откако тоа од него го побара војската, по неколку недели протести поради спорните избори во земјата.