(ВИДЕО) Арсовски: Заев да одговори што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос?

Од:

„Зоран Заев е претседател на Владата на Република Македонија, а не претседател на невладина организација, иако во моментов е во заминување од позицијата премиер, така да после тоа ќе може по изборите со што сака да се занимава.

Кога Зоран Заев остварува средби, граѓаните имаат право да знаат за што се среќава и за што разговара особено после скандалозните контакти со познатиот Биг Мајк или пранкерите од Украина“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос?

Образложението на Владата дека разговарале за малиот шенген со Србија и Албанија е несериозно. Дали тоа значи дека Александар Сорос е нов советник на Зоран Заев?

Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни зделки, изигрување на демократијата во одредени земји.

Зоран Заев очигледно е дека преку своите конекции повторно сака да креира атмосфера пред изборите и за време на кампањата каде ќе може полесно да се обиде да ја украде волјата на граѓаните и сега за тоа ја бара поддршката од неговите сомнителни партнери кои вложија милиони за да го инсталираат на власт.

Предупредуваме, Зоран Заев да не прави дополнителни штети и да не излегува надвор од законот, затоа што одговорност ќе има после 12 април за се што сторил.

Изигрувањето на законите и изигрувањето на волјата на граѓаните овој пат ќе го чини скапо и нема да може да се случи“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ