Обновена Канадско-македонската парламентарна група за пријателство

Од:

Повторно е активира Канадско-македонска група за пријателство во Парламентот во Отава, која ќе служи како тело за зацврстување на билатералните односи меѓу Канада и Македонија, соопшти Обединетата македонска дијаспора.

Првично основана од страна на првиот канадски пратеник со македонско потекло Луи Темелковски, групата сега е возобновена како резултат на соработката помеѓу македонската заедница во Канада и Амбасадата на Македонија во Отава, велат од ОМД поздравувајќи го ваквиот чекор.

Во групата моментно членуваат околу 20 пратеници,  за претседател е избран Владислав Лизон, а потпретседатели се Џон Магистерски, Брајан Масе и Џеф Вотсон.

Амбасадорот Љубен Тевдовски неодамна изјави дека формирањето на македонската група во Парламентот на Канада е историски чекор, кој се темели на заедничките вредности, солидарноста и взаемната поддршка меѓу двете земји.

Директорот за канадските операции на ОМД Џим Даикос истакна дека веќе неколку години го охрабруваат отварањето на Канадско-македонската парламентарна група за пријателство, и особено се радуваат на постигнатиот успех.

– Овај успех не би бил возможен без клучната улога на целата Канадско-македонска заедница за подобрување на односите помеѓу двете земји, како и подигање на свеста за важните меѓунадродни прашања во Македонија, рече Даикос.

Канада ја призна Македонија под уставното име во 2007 година. Во прекуокеанската земја живеат околу 250.000 канаѓани со македоснко потекло.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски