Грчката Влада размислува да отпушти пет илјади државни службеници

Од:

Грчката Влада се подготвува да се согласи да отпушти повеќе од пет илјади државни службеници до крајот на следната година, со цел да ја затвори најновата рунда преговори со тројката, пишува „Катимерини“.

Претставниците на меѓународната тројка кредитори (ЕУ,ММФ,ЕЦБ) вчера си заминаа од Атина откако двете страни не успеаја да се договорат за неколку прашања во врска со структурните реформи. Тие ќе се вратат на почетокот на април.

– Идентификувавме голем број области во кои реформите, всушност, ги надминаа очекувањата и се одликуваат со значајни и трајни резултати. Генерално пораката е сосема позитивна, но се уште има уште многу да се направи, изјави портпролот на Европската комисија Сајмон О Конор.

Клучните прашања за кои Грција и нејзините кредитори треба допрва да се согласат се шемата за резерва на државни службеници, плаќање на долговите кон државата, вонредниот данок на имот и можниот фискален дефицит.

Извори за „Катимерини“ изјавиле дека Владата е подготвена да понуди до крајот на следната година да отпушти пет илјади од 25 илјади државни службеници, кои годинава ќе се приклучат на шемата за мобилност. Предлогот и бил понуден на тројката пред да си замине од Атина.

Во однос на вонредниот данок на имот, кој беше воведен во 2011 година и се наплатува преку сметките за електрична енергија, грчката страна не била во можност да ја убеди тројката дека има подеднакво ефикасен метод за собирање на многу потребните приходи. Владата сака непопуларниот данок да се спои со други даноци на имот.

Тројката предложи дека ако коалицијата може да изнајде убедлив начин да се соберат три милијарди евра колку што моментално се добиваат од тој данок, тогаш меѓународните кредитори ќе бидат подготвени да разгледаат менување на методот за наплата.

„Катимерини“ исто така дознава дека тројката изразила загриженост дека, врз основа на проекциите, фондовите за социјално осигурување на Грција годинава ќе соберат 500 милиони евра помалку придонеси, отколку што се очекуваше.

Коалициската Влада се надева дека ќе биде во можност да добие некои отстапки од тројката затоа што стравува од политичка штета која може да се предизвика ако се добие впечаток дека преговорите се неуспешни.

Владата, на пример, се уште врши притисок данокот на додадена вредност за рестораните да се намали од 23 на 13 проценти.

Обезбедувањето на следната рата од заемот во вредност од 2,8 милијарди евра е од суштинско значење за да се избегне нарушување на кредибилитетот на коалицијата. Се претпоставува дека доделувањето на следната рата може да биде одобрено на 4 април, за кога е закажан состанок на европската работна група.

О Конор рече дека исплатата повеќе зависи од исполнувањето на претходно поставените цели, отколку од завршување на преговорите со тројката.

Грчкиот премиерот Андонис Самарас вчера пристигна во Брисел на самит на лидери на ЕУ, од каде ја повика Унијата да се фокусира на раст и невработеност, за кои рече дека се „проблем број еден“ на Европа и на Грција.

МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент