Red Bull мета на уцена

Од:

Производителот на енергетски пијалоци “Ред Бул” соопшти денеска дека стана мета на уцена на луѓе, кои се закануваат дека ќе ги контаминираат неговите пијалаци.

Уценувачите се заканиле дека ќе ги контаминираат лименките за пијалаци со фекални материи, доколку не добијат пари. “Ред Бул” објави дека се извршени проверки на наводно контаминираните лименки во одредени продавници, но дека не е откриено ништо сомнително.

“Некој веќе со недели се обидува да го уцени “Ред Бул”. Тесно соработуваме со полицијата и блиску сме до сторителите. Тие ќе бидат пронајдени”, се вели во соопштението.

Полицијата во Салцбург, каде што се наоѓа седиштето на компанијата, не сакаше да го коментира овој случај.

Портпаролот на компанијата Маркус Нехер изјави дека, обвинителството во овој град води истрага од почетокот на март, но досега не е открин ниеден случај на контаминација.

Тој рече дека истрагата е фокусирана на Австрија, но дека постои соработка и со обвинителството во Германија.

Коосновачот на “Ред Бул” Дитер Матешиќ поседува богатство од 7,1 милијарди долари, што го прави најбогат австриец и 162 најбогат човек во светот, наведува магазинот “Форбс”. “Ред Бул” во 2011 година ја зголеми продажбата за 12 отсто и оствари приход од 5,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ред бул го реорганизираа Ф1 тимот по смртта на Дитрих Матешиц

Горан Наумовски

Почина сопственикот на Ред Бул

Горан Наумовски

Ред Бул негира дека ќе го врати Себастијан Фетел

Ред Бул: Забележливо е дека промените во правилата се од корист за Мерцедес

Рикардо: Не можам да дочекам да избегам од „проколнатиот“ болид

Наум Локоски