Научниците од НАСА пуштија на пазарот нов крем против стареење. Интересно е дека една од состојките му е со вонземскo потекло.
Во составот на кремот Celestial Black Diamond Night Cream освен традиционалните состојки за козметичката индустрија, се вклучени и честички од редок црн дијамант, формиран во вселената.
Експертите од НАСА имаат големи надежи во новата технологија и тврдат дека дијамантски честички со вонземски потекло се во можност да навлезат во најдлабоките слоеви на кожата и да ја подмладат значително.
Цената на новиот козметички производ е во согласност со неговата содржина – вијала од 50 мл чини 1000 долари.