(ВИДЕО) Груевски: Ако Дехари сака да живее во Албанија, еве му ја Албанија, нека оди нека си живее

Од:

Фатмир Дехари со сликите со калашников нема да заплаши никого. Веројатно човекот најпријатно се чуствува кога се претставува со таква фотографија. Ако сакаше да ни испрати закани, од овде му порачуваме дека никого не исплашил ниту сега, ниту во 2001, ниту во иднина било кого ќе исплаши со неговите фотографии со калашникови, рече Груевски вечерва на митингот во Кичево.

Ако Фатмир Дехари сака да живее во Албанија, додаде, еве му ја Албанија, нека оди нека си живее. Тука е, и ќе остане Република Македонија. Кичево било и ќе остане Македонија, и Струга и Кичево и Куманово и Тетово и Гостивар, сите општини биле и ќе бидат Република Македонија.

Во однос на повикот на Дехари до албанската дијаспора да дојде и да гласа, Груевски вели:

Тој ги повика и Албанците од дијаспората да дојдат и да гласаат овде во Кичево. Убаво нека си дојдат да си ги видат роднините, ама ние, нам тоа ќе ни биде доволна порака дека не смее да ни се повтори излезноста од минатите избори, кога беше околу 50 отсто. Кичево овој пат ќе има 100% излезност.

Тој потенцираше дека Дехари сака со иселени граѓани да го земат Кичево.

Сакаат со иселени граѓани од пред 10, 20 и 30 години да го земеле Кичлево. Ќе ги носеле со авиони, со автобуси. Ајде кичевци, овој пат да покажеме и да излеземе сите до еден и да им одговориме чие е Кичево и да го оставиме Кичево на кичевчани, а не на некој кој 20 години живее надвор од Кичево. Кичево ќе остане на луѓето кои живеат тука. Дехаровци сакаат на вештачки начин да ја сменат демографската структура со носење дијаспора. Би рекол некоректно, нечесно, нефер и неетички. Тоа не е ништо друго туку еден обичен етнонационализам. Тие луѓе не знаат за проблемите кои луѓето ги имаат тука. Затоа не смееме да му дозволиме на Дехари да ни го наруши мирот, затоа треба масовно да се излезе и да се подржи Деспотовски и советничката листа на сите политички партии кои ззстанаа зад него, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ