Конечно договорено – Дачиќ формира влада со СНС

Од:

Владата на СНС, Социјалистичката партија и Обединетите региони е договорена, а лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ утре од претседателот Томислав Николиќ ќе го побара мандатот, информираат вечерва српските медиуми.

Со ова завршуваат двомесечните преговори и пропаѓа сценариото владата да ја формира Борис Тадиќ.

Николиќ го очекува Дачиќ  

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави за РТС дека очекува уште утре Ивица Дачиќ да го побара мандатот за состав на нова влада.

„Мислам дека додека бев отсутен работите се развивале брзо и дека постојат најави дека господинот Дачиќ може да дојде утре и да ми понуди докази дека е формирано собраниско мнозинство и да побара мандат за формирање на влада“, изјави Николиќ.

Претходно, вршителот на должност претседател на СНС, Александар Вучиќ рече дека постојат реални шанси напредњаците да учествуваат во формирањето на парламентараното мнозинство и владата.

Би можело да ве интересира

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи