Боливискиот претседател Ево Моралес рече дека демократијата во земјата е во опасност, тврдејќи дека насилните групи се обидуваат да изведат државен удар.
„Браќа и сестри, нашата демократија е во опасност поради државниот удар што го покренаа насилните групи за да го поткопаат уставниот поредок“, напиша Моралес на „Твитер“.
Hermanas y hermanos, nuestra democracia está en riesgo por el golpe de Estado que han puesto en marcha grupos violentos que atentan contra el orden constitucional. Denunciamos ante la comunidad internacional este atentado contra el Estado de Derecho.
— Evo Morales Ayma (@evoespueblo) November 9, 2019
„Ние го осудуваме овој обид против владеењето на правото пред меѓународната заедница“, додаде тој.
Во петокот вечерта, тој свика итна седница со неколку министри и врховниот командант на вооружените сили за да разговараат за ситуацијата.
Граѓаните на Боливија во петокот вечерта протестираа во неколку градови, при што полицијата им се придружи на неколку места, додавајќи притисок врз претседателот Моралес.