Дански терорист наводно е одговорен за уривање на рускиот патнички авион во 2015 година

Од:

Данскиот терорист Басил Хасан наводно е одговорен за уривањето на рускиот патнички авион „Ербас А321“ над Синајскиот Полуостров во Египет во октомври 2015 година.

За евентуалната одговорност на данскиот терорист соопшти локално радио, повикувајќи се на материјали и истрага за друг терорист поврзан со осомничениот.

Медиумот дошол до материјали поврзани со истрагата, чија централна фигура бил Австралијанецот Халид Хајат, кој е осуден поради планот да го разнесе авионот на релација Сиднеј – Абу Даби во јули 2017 година.

Хајат, кој е поврзан со ИД, наводно сведочел дека неуспешниот терористички напад го испланирале неговиот брат Тарек и Басил Хасан.

– Авионот експлодира над Египет. Хајат и Хасан се одговорни за тоа, се наведува во извештајот од истрагата.

Документите покажуваат дека терористите планирале да го користат истиот метод во двата напада.

Падот на авионот во октомври 2015 година е најсмртоносна несреќа во историјата на руската и советската авијација, во која загинаа 224 луѓе, меѓу кои 25 деца.

Руските разузнавачки служби тврдат дека станува збор за терористички напад.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот