Пензиониран римокатолички свештеник во Канада е осуден на 11 години затвор, бидејќи сексуално злоставувал дете.
Џорџ Ансел Смит пред судот изјавил дека е виновен, по повод 42 обвиненија за сексуално напаѓање.
Свештеникот кривичните дела ги извршил од 1969 година до 1989 година.
Судијата Вилијам Гудриџ на Смит му изрече казна затвор од 10 години, земајќи го во предвид и времето кое што го поминал во притвор.