(ВИДЕО) Попов: Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

„Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на СД Гоце Делчев, која ја почна ВМРО-ДПМНЕ.

Блоковите А и Б се реконструирани во време на ВМРО-ДПМНЕ и пуштени во употреба. Блоковите В и Г стојат нереконструирани и неупотребливи.

Дарко Каевски и СДСМ лажат кога велат дека нешто направиле. Три години ништо не направија. Да биде иронијата поголема, во нивната програма напишаа и од ова место ветија дека овде ќе има студентски град. Овде студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега“, рече Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каевски и неговата екипа ги лажеа младите и ништо не направија.

На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери.

Лицемерието на Каевски е прочитано, а лицемерието на СДСМ е провидно.

СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу. СДСМ три години лаже. И сега пред избори повторно лаже.

СДСМ нема повеќе кредибилитет. СДСМ мора да си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски