ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем

Од:

„Со СДСМ на власт во Македонија не се празнат само селата се попразни се и градовите. Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив се повеќе се иселуваат.

Граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем. Граѓаните живеат во сиромаштија. Само семејството Заеви профитира.

Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно.

Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт.

Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во немаштија.

Зоран Заев е причината за голготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија.

По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ