Приходите од нафтените полиња во североисточна Сирија ќе одат кај силите поддржани од Вашингтон, а не во Соединетите Американски Држави, соопшти Пентагон.
– Приходите не одат за САД, туку за Сириските демократски сили (СДФ), изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.
Хофман додаде дека САД очекуваат од Турција да ја утврди одговорноста на сите сили кои имаат турска поддршка и кои извршиле наводни воени злосторства во североисточна Сирија.
Пентагон неодамна соопшти дека САД на секој обид за одземање нафтени полиња од курдските сили во Сирија, кои имаат американска поддршка, ќе одговори со силна употреба на сила, без разлика дали противник им е оружената група Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) или силите што имаат поддршка од Русија или Сирија.