„Во моменти кога светот се соочува со последиците од климатските промени за кои Зелените алармираат повеќе од една деценија, глобалните климатски маршови се предводени од учениците а општеството е фокусирано на одржливи решенија и спас на планетата, Младинската организација на ДОМ му предлага на Министерството за образование и наука задолжително да се воведе во редовната настава предметот Животна средина и климатски промени
Изучувањето на проблематиката на климата, начинот на реагирање и дејствување, одржливиот развој и светски познатата методологија климатска правда (climate justice) би бил соодветен модел за подготвување на младите во училиштата за проблематиката наречена климатски промени.
Ваков модел веќе е подготвен да се имплементира од наредната година во Италија каде што учениците ќе посетуваат 33 часови годишно односно 1 час неделно посветен на климатските промени“, се вели во соопштението на МОДОМ.
МОДОМ апелира уште еднаш до МОН да спроведе суштински измени во образовниот процес и да го прифати барањето за воведување на овој предмет во училиштата.
– Сметаме дека од суштинско значење е во образовниот систем да се изучува предметот животна средина и климатски промени како што е впрочем случај во повеќе европски земји, велат од МОДОМ.