(ВИДЕО) Костадинов: Само Мицкоски се радува на историската грешка на ЕУ

Од:

„Еве ја насловната страница од интервју на Христијан Мицкоски за Вечерњи лист, пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокраат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна!

Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“. Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата. Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април.

Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски. Лицемерие, блеф, лажен патриотизам, антидржавно и антизападно однесување, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е обновата на режимот.

Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парлементарни избори“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт