Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Р.(20) и Б.Р.(23), бидејќи во октомври минатата година ја грабнале Д.М.(18).
А.Р со својот пријател Б.Р од булеварот „Трета МУБ“ , ја грабнал осумнаесетгодишната девојка со која бил во љубовна врска.
Насилно ја внеле во автомобилот и ја однеле во подрумска просторија во една зграда. Таму ја задржале кратко време, по што ја вратиле на местото од каде што ја грабнале.
Полицијата против нив поднесе пријава за кривично дело, противправно лишување од слобода.