ЦО на СДСМ: Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб

Од:

На вчерашната 12 седница Централниот одбор на СДСМ расправаше во однос на повеќе точки и донесе неколку одлуки.

Во однос на актуелната состојба во државата претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев информираше за степенот на реализација на мерките и имплементација на политиките во интерес на граѓаните кои носат повеќе пари кај граѓаните, ги зголемуваат платите, ја јакнат економијата и го зголемуваат животниот стандард.

Политиките на СДСМ ќе бидат пресликани и во предлог Буџетот којшто Влдата го подготвува за наредната година и ќе значат нов импулс во економијата, развој и секако повеќе пари кај граѓаните.

Во пресрет на изборите на 12 април претседателот Заев рече дека СДСМ е фаворит согласно анкетите но и теренските активности и партијата подготвена ќе влезе во изборниот процес.

-Го засиливме присуството на терен, меѓу граѓаните. Само во летниот период одржавме над 600 маалски и урбани средби, во тек се трибините кои граѓаните силно ги поддржуваат. Имаме што да кажаме затоа што имаме сработено многу во сите сегменти. Даваме отчет пред граѓаните за сработеното но и креираме нови политика. Масовноста на овие трибини и настани на СДСМ како и сите релевантни анкети потврдуваат, СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април, рече претседателот Зоран Заев пред членовите на ЦО.

На предлог на претседателот Заев, Централниот одбор едногласно го избра Љупчо Николовски за Шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Николовски во обраќањето пред членовите на ЦО рече дека СДСМ како најголема, најсилна и најорганизирана партија во државата ја води државата по прав пат и нема да дозволи деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат назад, во неизвесност, изолација и нестабилност.

– Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина. Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред. Секој ден и секој час макотрпно ќе работиме, заедно со секој наш член, со секој волонтер, со граѓаните. Следуваат средби со различни целни групи а на новата програма ќе работат и комисиите со вкупно 160 сектори. Ќе ги вклучиме и граѓанските организации и повторно новата Влада ќе ја формира СДСМ. Затоа што имаме чист, јасен, државнички концепт, рече Николовски.

Централниот одбор на СДСМ ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април.

Централниот одбор заклучи дека клучните столбови од Програмата на СДСМ за само 2.5 години се реализирани и дека тоа е вистинскиот пат по којшто треба да се движи државата.

„За само 2.5 години решени се најголемите наследени проблеми, економијата од негатива од -1.8% сега има раст од 4.1%, воведени се серија на мерки кои ги покачија просечните плати за 2 илјади денари, минималната плата за 5.500 денари, невработеноста е намалена на рекордни 17,5%, создадени се над 54 илјади нови работни места најмногу во приватниот сектор, инвестициите се најголеми од независноста, социјалната помош е зголемена за 300 проценти, земјава се врати на евро-интеграцискиот пат, остварена е стратешката цел за членство во НАТО. Наша цел е новата изборна програма да произлезе од граѓаните и нивните потреби. Во таа насока сите коментари, забелешки и сугестии што ги добивме на маалските и урбаните средби, на трибините и средбите со граѓаните ги процесираме преку надлежните партиски Комисии во решенија кои ќе бидат втемелени во новата програма“, соопштуваат од СДСМ.

– Дефинирани се и други канали преку кои што граѓаните ќе може да ги достават своите предлози до општинските организации но и до централата на СДСМ. Партиските комисии веќе започнаа процес на подготовка на новата изборна програма на СДСМ која ќе понуди реални, остварливи и суштински мерки и политики во интерес на граѓаните, додаваат од СДСМ.

Централниот одбор избра и нова партиска Комисија за спорт за чиј претседател е именуван Наумче Мојсоски, познат македонски ракометен репрезентативец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ