Двајца возачи загинаа во сообраќајката на патот Неготино – Демир Капија

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и возачот на автомобилот „голф 3“​ , 51-годишен жител на Неготино.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата, информираат од ОЈО Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва