Амстердамскиот аеродром Шипхол е делумно затворен и полицијата истражува „сомнителна состојба“ во авион, пренесуваат светските медиуми.
На социјалните мрежи се објавени фотографии каде што се дека едниот дел од аеродромот е затворен.
Photos shared on social media show areas of the airport cordoned off with police tapehttps://t.co/akZcuCz0Ilpic.twitter.com/wiYneeftWL
— RT (@RT_com) November 6, 2019
На аеродромот, наводно, се присутни голем број полицајци и амбулантни возила.
Photos shared on social media supposedly show the departure area completely empty and closed behind police tape #Schiphol #BREAKING onRThttps://t.co/VMUNP8NYIRpic.twitter.com/ITzzdAOFvc
— RT (@RT_com) November 6, 2019
„Ситуацијата е сомнителна и тоа е сè што можам да кажам“, рече портпаролот на воената полиција.
Непроверени и официјално непотврдени информации за наводно киднапирање на авионот се раширија во британските таблоиди и на социјалните мрежи.
Аеродромот во Амстердам е еден од најпрометните аеродроми во Европа.