Нов чешки министер за одбрана Властимил Пицек

Од:

Нов министер за одбрана во Кабинетот на чешкиот премиер Петр Нечас ќе биде досегашниот заменик министер Властимил Пицек, информираа владини извори.

Досега, од декември, Министерството за одбрана го водеше Нечас, откако Каролина Пик беше разрешена по само една недела од назначувањето на министерската функција. Причината за разрешувањето на Пик, како што јави дописникот на МИА од Прага, беше губењето на премиерската доверба во неа, откако таа направи неколку персонални промени во Министерството, вклучително и го разреши Пицек од заменичката функција.

Подоцна, тој беше вратен на функцијата.

– Јас и партијата ЛИДЕМ, иако без наша волја, веќе се навикнавме дека не важи тоа што ќе се договориме, реагираше Пик, која е претседател на најмалата партија во трипартиската владејачка коалиција.

Таа, додаде дека јасно дала до знаење дека е против именувањето на Пицек за нов министер за одбрана, а според коалицискиот договор секој нов владин член треба да има поддршка од трите партии кои ја сочинуваат коалицијата. Педесет и шестгодишниот Пицек е поранешен началник на чешкиот Генералштаб.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица