(ВИДЕО) Локвенец: Бесплатни екскурзии ЗА СИТЕ ученици!

Од:

„Од директните и непосредни средби со граѓаните, во изминативе 9 месеци, ги дефиниравме проблемите со кои се соочуваат прилепчани, од кои сиромаштијата и невработеноста, се основниот, најголемиот проблем на граѓаните во Прилеп. Борбата со овие два клучни проблеми, како и социјалната заштита се приоритетите во мојата програма.

– Предвидуваме серија мерки и проекти за справување сиромаштијата, како и директна помош на сојалните категории“, изјави на денешната пресконференција, кандидатот за градоначалник на Прилеп, од Сојузот за Иднината, Хари Локвенец.

„Лицата со хендикеп, никогаш не биле прашани, ниту исконтактирани и земени во обзир дека може самите да си се застапуваат. Секогаш некој друг, кој не потекнува од таква категорија граѓани, во нивно име зборувал во институциите за нивните проблеми. Се покажа дека тоа ни од далеку не е доволно, напротив е омаловажувачки“, рече Бети Тодеска, од листата на советници, претставник на лицата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука