Ештон: Имав отворени и интензивни разговори за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

Од:

 Високиот претставник на Eвропската унија за надворешна политика и безбедност кетрин Ештон соопшти денеска по посетата на Приштина дека со тамошните политички лидери имала „отворени и интензивни разговори за нормализација на односите меѓу Србија и Косово“.

– Разговаравме пред се за примена на веќе постигнати договори и потреба да се дискутиора на тема отворени прашања за што побрза реализација, се вели во соопштение од нејзниот Кабинет.

Ештон за време на посетата се сретна со косовскиот премиер Хашим Тачи, претседателката Атифете Јахјага и лидерите на политичките партии. Се очекува таа да допатува во Белград каде ќе разговара со државниот врв, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски