Ивановски: Јасно ни е дека Груевски нема намера да организира фер и слободни избори

Од:
Опозицијата денеска најави дека ќе поднесе 210 претставки до ДИК со кои бара да биде поведена прекршочна постапка против ВМРО-ДПМНЕ заради предвремено започнување на предизборната кампања и прекршување на член 69-а од Изборниот Закон.

-Сметано до денес, нашиот правен тим има евидентирано дека во периодот од 16. февруари до 4. март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција, рече шефот на изборниот штаб на Сојузот за иднина, Игор Ивановски.

-Согласно членовите 69-а, 72, 179-б и 180 од Изборниот Закон, организаторот на кампањата на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ треба да плати, во вкупен кумулативен износ, на име глоби, од 1 365 000 до 2 414 000 евра во денарска противвредност.

Дополнително, во целиот овој период ги бележиме и документираме и сите останати неправилности и злоупотреби кои ги прави ВМРО-ДПМНЕ заедно со партизираните државни органи и режимски медиуми во текот на оваа кампања, и тие освен што ќе ги процесуираме до надлежните институции, истите ќе ги објавиме и во “црна книга“.

На сите им е јасно дека Никола Груевски нема намера да организира фер и слободни избори. Воопшто не е случајно што ВМРО-ДПМНЕ упорно не сака во изборното законодавство да ги вклучи препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Како и да е, бидејќи ваквите манипулации со овој режим станаа правило за сите избори во Македонија, ние сме убедени дека токму ваквото незаконско и расипничко однесување е наша предност. Токму ова е дополнителна мотивација за граѓаните да го казнат ВМРО ДПМНЕ на изборите.

Злоупотребите кои ги прави режимот се најдобра потврда дека и во ВМРО ДПМНЕ се свесни дека премиерот и неговите политики ја губат подршката на народот. Тоа е причината што Никола Груевски манифестира нервоза и се повеќе се служи со приземна, валкана и црна кампања.

Сигурни сме дека граѓаните на 24 март во огромен број, масовно ќе излезат на изборите и ќе му кажат доста на овој ненароден, криминален и тоталитарен режим.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски