Зоран Ѓорѓиевски на средба со стопанственици од чевларските претпријатија

Од:

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски, денеска остварија средба со стопанствениците од чевларските претпријатија на која потенцираа дека економскиот развој е клучен во програмата за локалните избори.

– Во нашата програма стопанството има приоритет, а  носечка  гранка во општината е токму чевларството. Ги продолжуваме контактите со сите позначајни  фирми од нашиот град кои на еден начин го презентираат Куманово во државата и пошироко. Разговаравме за нивните проблеми и за начинот на кој локалната власт може да  помогне во контактите меѓу локалните бизнисмени и централната власт се со цел, проблемите да се надминат, вели Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека Куманово треба да прерасне во најзначаен центар на чевларската индустрија во регионот.

Кандидатот за градоначалник додава дека во програмата клучно е формирањето на развојно-тенхнолошка индустриска зона која ќе допринесе за намалување на бројката на невработените, а вети и отворање на канцеларии за поддршка на идни стопанаственици кои планираат да отворат мали и средни претпријатија и кои ќе допринесат за намалување на невработеноста.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно