Петковски: Промената на постоечкиот изборен модел претставува демократска трансформација на политичкиот систем

Од:

Претседателот на НСДП Тито Петковски и генералниот секретар Кристијан Трјковски вчера во Штип присуствуваа на регионална средба со општинските организации на партијата од третата изборна единица.

На средбата стана збор околу подготвувањето на партиските организации и мобилизрањето на членството и симпатизерите во пресрет на престојните предвремени парламентарни избори.

Раководствата на општински организации информираа за состојбите со локалните ограноци на партијата,изразувајќи притоа задоволство од мотивираноста и подготвеноста на членството за вклучување во предизборни активности.

На средбата се актуелизираше и потребата за измена на постоечкиот изборен модел од шест во една изборна единица, за што од страна на присустните беше афирмирано големите политички партии во Северна Македонија да ја прифатата и поддржат промената на изборниот модел.

„Промената на постоечкиот изборен модел со воведување на една изборна единица наместо постоечките шест, претставува демократска трансформација на политичкиот систем во државата за која НСДП веќе подолго време ја промовира и застапува. На тој начин ќе се зголеми репрезентативноста на Собранието и ќе се даде дополнителна демократска вредност во севкупниот политички живот во земјава“, порача претседателот на партијата Петковски.

Тој оцени дека деконцентрацијата на политичката моќ од големите политички парти кон помалите партиципиенти на македонската политичка сцена може да доведе само до поквалитетен политички натпревар на идеи и ставови, како и поттикнување на демократското созревање на политичката атмосфера во земјава.

Од страна на присутните преставници на партијата заеднички беше оценето дека независно од тоа што Северна Македонија не го доби долго очекуваниот и ветуван датум за почеток на преговори за полноправно членство од Брисел, ЕУ останува единствената политичка перспектива за земјава за која НСДП ќе продолжи политички да се бори.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ