ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговите лаги ги доведе граѓаните до питачки стап

Од:

„Три години Заев и СДСМ на власт, три години измами, криминал и пропаѓање. Лагите на Заев и СДСМ со секој изминат ден стануваат се поочигледни.

Благој Бочварски по три години призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.

Зоран Заев преку ширење на лажни вести три години ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години владата на СДСМ ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид, за да можат да склучат нови анекси на договорот тешки 180 милиони евра. Изградбата на овој автопат тапка во место. Како што беше оставен во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, така е сега.

Зоран Заев и СДСМ три години ја лажат и ја манипулираат јавноста. Три години си играат со животите на граѓаните на Република Македонија.

Зоран Заев со неговите лаги ги доведе граѓаните до питачки стап, а младите ги исели надвор од државата.

Време е да се стави крај на лагите на Зоран Заев и неговата влада. Време е да започне обнова на Македонија. Таа обнова ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12-ти април, на предвремените парламентарни избори.

Се ближи крајот на Зоран Заев и неговата криминална влада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски