Франција осудена во Стразбур поради тоа што осудила едно лице за навреда на претседателот

Од:

Европскиот суд за човекови права од Стразбур ја осуди Франција поради кршење на слободата на говорот, бидејќи го осудила за нaвреда човекот кој истакна парола на која пишуваше „ Бегај оттука сиромашен глупаку“, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.

При посетата на тогашниот француски претседател Никола Саркози на францускиот град Лавал на 28 август 2008 година, Ерве Еон (61 година) истакна  парола на која пишуваше „Casse-toi pov’con “ во буквален превод „ Бегај оттука сиромашен глупаку“( но исто така и со повулгарен превод:„Бриши пи*до една“). Оваа  реченица ја имаше кажано и лично Никола Саркози на Салонот на агрикултурата во Париз, кога еден земјоделец одби да се поздрави со него.

Ерве Еон беше обвинет од обвинителсот на Лавал за навреда на шефот на државата, која постои во законот за печатот од 1881 година. Во ноември 2008 Ерве Еопн беше осуден на условна „принципиелна казна“  од 30 евра, обвинителството бараше 1000 евра. Пресуда потврдена на апелациониот суд, по што Касациониорт суд (францускиот Врховен суд) одби да ја разгледува.

Ерве Еон се жали во Стразбур пред Европскиот суд за човекови права, каде денеска Франција беше осудена за кршење на слободата на говорот и изразување. Според адвокатката на Еон, Доминик Ногуерес, на нејзиниот клиент не му било почитувано правото на правично судење со тоа што не му беше доделена судска помош. Истовремено таа во досието пред судиите од Стразбур, иако казната беше мала, смета дека со тоа што судски се гонел за навреда на шефот на државата и покрај тоа што неговото име не било цитирано на паролата е зачудудвачко.

Европскиот суд за човекови права веќе ја наведе Франција во 2004 година да укине една слична законска мерка која се однесуваше за „навреда на шеф на странска држава“.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт