Пецас: Секогаш сме тука за поддршка на ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан

Од:

Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на дали Грција размислува да преземе некаква иницијатива за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб на пролет.

– Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават. Во овој момент би сакал да се задржиме на позитивниот факт што постои во заклучоците на Европскиот совет, односно споменувањето дека оваа тема останува отворена и ќе се разговара во временскиот момент што го споменавте, а ние сме секогаш тука да ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, рече Пецас во одговор на прашањето на МИА, со оглед на тоа дека претседателот на Европскиот Парламент денеска е во Скопје, а Атина ја поддржува и промовира Солунската агенда од 2003 за ЕУ перспективата на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски