Седумдесет и седумгодишник од Тетово настрадал по пад во шахта

Од:

Тетовец на возраст од 77 години загинал по пад во водоводна шахта, информира денеска СВР Тетово. Настанот се случил вчера во дворот од неговата куќа.

-Околу 11 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека тетовецот Ј.Р.(77) паднал во водоводна шахта во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски“ во Тетово и починал. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на Ј.Р. предадено му е на семејството, информира Марјан Јосифовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва