Петров ќе се спротивставува на „дебармализацијата на Карпош“

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Карпош Андреј Петров најавува дека целта во неговиот мандат за кој се кандидира ќе биде почитување на основните начела на урбанистичкото планирање, како и спротивставување на „дебармализацијата на Карпош“ и хуманизација на просторот.

Посочува дека ќе се залага за враќање на природата во Карпош, зелени површини, паркови, шеталишта кои, како што вели, ќе го заменат скапиот бетон околу нас.

– Ќе ја довршиме започнатата идеја за голем парк поставен на местото на оваа некогашна дупка и сегашна депонија од десната страна на Вардар, претворајќи ја во зелена површина со засадени дрвца, нови бели дробови на Општината, но ќе ја уредиме и левата страна на Вардар и граѓаните ќе можат, преминувајќи преку мостот  Газела кој го направивме во претходниот мандат, да уживаат и од левата страна на Вардар, изјави Петров.

Тој ветува дека со новите зелени површини и садници на дрва во Карпош ќе се придонесе да биде најмалку загадената општина во Градот Скопје.

Карпош, како што истакна, ќе подари и уште едно живеалиште во Зоолошката градина, како што е направено и претходно во неговиот  мандат со донацијата на живеалиштето за мечка.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226