Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од оваа година на Ревијалната годишна изложба ја воведе наградата од публика насловена „Никола Иванов-Балтон“. Нововостановената награда прв ќе ја добие авторот Душан Георгиевски.
– За ова признание одлучи публиката преку 30-дневно гласање по електронски пат и во канцеларијата на ДЛУМ. Уметничкиот совет на ДЛУМ согласно сите прегледани гласови донесе соопштение дека наградата ќе биде доделена на Душан Георгиевски, информира ДЛУМ.
Душан Георгиевски (Скопје, 1964) дипломирал на Факултретот за ликовни уметности во 1996 година. Досега неговите многубројни самостојни изложувања се на релација Македонија – Кувајт поради неговиот долгогодишен престој во таа земја од Блискиот Исток.