Се подготвува голем хакерски напад врз Израел

Од:

Хакерската група Анонимус, заедно со други хакери, планира голем кибер напад врз Израел, заканувајќи се дека целата земја „ќе ја збришат“ од интернет. Израел заканите сериозно ги сфати и почна подготовки за одбрана, објави „Раша тодеј“ (Russia Today).

– Хакерскиот напад против Израел почнува на седми април, напиша Анонимус на Твитер, повикувајќи ги хакерите од цел свет да им се придружат во вториот напад.

Израелските владини агенции веќе се подготвуваат за нападот.

Првиот кибер напад врз Израел беше во текот на израелскиот напад врз Газа во ноември 2012 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан