Во воени операции во покраината Северен Синај, каде трае бунтот, во кој е вклучена и џихадистичката група Исламска држава, се убиени 83 бунтовници, соопшти египетската војска.
Војската, исто така, наведува дека се пронајдени оружје и муниција во северниот и централниот дел на Синајскиот Полуостров.
Во текот на операцијата се уништени 14 засолништа и два тунела, а приведени се 4.707 непријавени мигранти.
Египетските безбедносни сили во февруари 2018 година започнаа голема антитерористичка операција во Северен Синај, каде е активен локален огранок на ИД.
Од почетокот на операцијата се убиени околу 850 бунтовници и речиси 50 војници, според официјални податоци.