Според најновите податоци од Заводот за статистика, Чешка има 10.516.100 жители, односно за 10.700 луѓе повеќе од претходната година, јави дописникот на МИА од Прага.
Зголемениот број се должи пред се на имиграцијата од странство.
Во изминатите дванаесет месеци, во земјата се регистрирани 30.300 странци, наспроти 20.000 лица кои се отселиле.
Најголем број на имигрантите се од Украина, Словачка и Русија.
Податоците покажуваат дека во 2012 година, во земјата се родиле 108.600 деца, односно 97 новороденчиња помалку отколку една година пред тоа.
Бројот на починати лица е 108.200 луѓе, односно за 1.300 луѓе повеќе отколку во 2011 година.