Доналд Трамп Јуниор: Се докажа дека не сум руски шпион

Од:

Највозрасниот син на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор утре ќе ја објави својата автобиографија под наслов „Triggered: How the Left Thrives on Hate and Wants to Silence Us”, па претходно во најава спомна и неколку пикантерии од книгата.

– На крајот испадна дека не сум руски агент, се вели во еден од цитатите на Трамп Јуниор (41), говорејќи за обвинувањата за негова поврзаност со руските разузнавачки служби околу американските претседателски избори 2016, кога победи неговиот татко.

Во книгата, помладиот Трамп говори и за дружењето со контроверзниот пејач Мајкл Џексон, односно, како играл Нинтендо со него.

Натаму, тој вели и дека татко му повеќе ја заслужува Нобеловата награда за мир од неговиот претходник Барак Обама, лауреат од 2009 година.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“