30-годишниот Французин го скинал велот од лицето на една муслиманка, додека шетала на игралиштето во градот Нант и е осуден на петмесечна условна затворска казна и плаќање отштета.
Мажот ја призна вината како тежок напад и се обиде да ја оправда својата постапка од минатата година, бидејќи сакал да го спроведе контроверзниот закон кој на жените им забранува да го кријат лицето.
Неговата одбрана е отфрлена од обвинителството, со образложение дека нападот бил мотивиран од верската припадност на жртвата.
Обвинетиот е осуден и за давање лажен идентитет на полицијата.
Елена Георгиевска