Најголемата банка на Кипар, „Кипарска банка“, денеска соопшти дека ќе побара државна помош од 500 милиони евра за до 30 јуни да ги задоволи барањата за зголемување на нивото на својот капитал.
Во соопштението на банката се наведува дека за нејзина докапитализација е потребно да добие вкупно 1,56 милијарди евра, но дека нема да успее да го обезбеди целосниот износ.