(ВИДЕО) Трипуновски: Селата се се попразни, а земјоделските политики кои што ги води СДСМ се погубни

Од:

„Денеска се наоѓаме во Василево, во струмичкиот регион, во најземјоделскиот крај на Република Македонија и од она што можев да го слушнам од граѓаните со кои што разговараме е дека селата се се попразни, а земјоделските политики кои што ги води СДСМ се погубни.

Од разговорите слушнав дека локалната самоуправа речиси нема ништо инвестирано еве веќе две години мандат колку што има градоначалникот, а граѓаните не го добија она што им беше ветено и за локалните избори во 2017 година и од парламентарните избори во 2016 година“, рече Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се свесни дека СДСМ со владеењето управува односно со криминалиите што ги прави на ниво на Република Македонија и сите оние пример и за непотизам во рамките на кругот на Зоран Заев.

Меѓутоа во разговорите со граѓаните кои што ги посочија сите проблеми кои што ги тежнеат и тиштат овие години додека СДСМ ќе бидат проточени во предизборната програма која што ќе ја подготви ВМРО-ДПМНЕ. Значи ние овие разговори кои што ги водиме низ целата држава практично проблемите ќе ги преточиме во решение затоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ нудиме опција за решавање на нивните проблеми бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро утре.

Ние сме гарантот дека Македонија ќе ја вратиме на правата патека“, изјави Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски