(ВИДЕО) Костовски: Поминаа две години најлоши години од мандатот на Смилевски

Од:

„Поминаа цели две години од мандатот на градоначалникот Велимир Смилевски, две најлоши години за општина Бутел, две години безидејност и тотална нефункционалност на општината.

Во рака ја држам предизборната програма на Смилевски и СДСМ којашто убедливо ја ветуваа на бутелчани давајќи збор дека целосно ќе ја исполнат. Со голема одговорност тврдам дека оваа програма или овие предизборни ветувања се најголемата лага во историјата на општина Бутел.

Почитувани, ќе ги набројам крупните проекти кои беа ветени а нема ниту желба, ниту абер, ниту способност да се остварат: гасификација во општина Бутел, поликлиника, парно греење низ целата општина, нова градинка во Расадник, градинка во Љубанци, уредување на коритото на река Серава, спортски центар во Бутел со рок 2018 година, противпожарен пункт во Расадник, зелени пазари, плоштад во Бутел 1, водовод во Љубанци и Љуботен и многу други помали но значајни проекти за граѓаните. Се е само празно слово на хартија стокмено во предизборна програма на СДСМ и Смилевски кои немаа ниту намера барем еден дел да реализираат“, рече Дарко Костовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел.

„Изминат е половина мандат, а 95% од проектите на оваа програма се немаат ниту започнато а камоли да разговараме за нивна реализација, лага до лага.

Иако изминативе две години општина Бутел вработи нови 150 лица, несоодветно одбрани, општината никогаш не била во полоша состојба од оваа а нејзини најголеми проекти се косење на трева и фарбање на огради во училишни дворови.

Како ВМРО ДПМНЕ апелираме градоначалникот Смилевски општината да се фати за работа бидејќи страдаат граѓани. Кога здраворазумски ќе размислиме гледаме дека е поминат пола мандат на градоначалникот Смилевски а нема реализирано ништо од ветеното а тоа значи дека нема да сработи ништо до крајот на мандатот и затоа граѓаните на општина Бутел чекаат час поскоро Смилевски и оваа локална самоуправа да ги испратат во темните страни на историјата како најлоша локална самоуправа во историјата на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски