Анкета: Италијанците преферираат нова влада наместо избори

Од:

Повеќе од две третини од Италијанците сакаат да се состави нова влада наместо да се одржат нови избори, покажуваат резултатите од анкетата.

На прашањето „Дали сакате составување на нова влада или нови избори во јуни?“ – 67 проценти од исптианиците се изјасниле за првата варијанта, а само 28 отсто сакаат нови избори.

Анкетата е спроведена од Институтот ИПР на 12 март, при што се испитани илјада лица.

Парламентарните избори беа извршени кон крајот на февруари, но ниту една партија не освои доволно гласови за да формира влада. Левата коалиција на Пиер Луџи Берсани освои апсолутно мнозинство во Долниот дом на Парламентот, додека во Сенатот има само мнозинство. На второ место е десната коалиција на Силвио Берлускони, но ниедна партија не сака да коалицира со неа, се додека тој е лидер.

Движење пет ѕвезди на Бепе Грило е на трето место по освоените гласови, додека центристичката коалиција на досегашниот премиер Марио Монти е на четврто.

Следната недела претседателот Џорџо Наполитано ќе почне консултации за формирање на нова влада.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски